Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово денска го играат последниот натпревар на домашен терен во рамките на втората фаза од БИБЛ лигата. Противник е тимот на Морнар Бар.
Куманово во првиот натпревар успеја да забележи победа од 86-88. На овој натпревар Куманово успеја да прими 38 поени за една четвртина, и беше многу блиску да се врати поразен од гостувањето во Бар.
Денеска за тимот на Морнар ќе настапи и пораншниот центар на Куманово, Радоје Вујошевиќ. Крајова и Пеќ ја делат првата позиција со три победи и два пораза и натпревар повеќе, додека Куманово доколку победи на денешниот меч, ќе се изедначи со водечките тимови. Морнар е четврти со една победа и три порази.
Првата позицја на табелта во БИБЛ лигата води директно во полуфинале. Екипите кои ќе завршат на втората и третата позиција на табелата ќе играат „Трета-фаза“. Второпласираниот од групата Ц и третопласираниот од групата Д, односно второпласираниот од грпата Д со третопласираниот од групата Ц во два натпревари ќе решаваат кои два тима ќе играат полуфинале во БИБЛ лигата.
Натпреварот започнува во 19 часот во Спортската сала во Куманово.