×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го пречекува МЗТ Скопје

    02.12.2014 13:42 | KumanovoNews

    Во рамките на осмото коло од Првата кошаркарска лига, екипата на Куманово го пречекува шампионот на Македонија и учесникот во АБА лигата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

    Куманово го пречекува МЗТ Скопје

    Кошаркарите на Куманово утре во Спортската сала ќе го одиграат последниот од низата тешки натпревари. Во предходните натпревари, тие остварија победа против Рилски Спортист во кој покажаа одлична игра во првото полувреме, а потоа го спасуваа натпреварот во неизвесна завршница. Против Работнички, кумановчани имаа добар старт, меѓутоа немаа добра завршница по што поразени си заминаа од Градски парк.

    Тимот на МЗТ оваа сезона доживеја многу турбуленции на организационен план. Најпрвин како тренер беше Змаго Сагадин, според многумина одлично решение за тим како што е МЗТ Скопје. Довербата на управата во него по неколку лоши настапи доведе промена на клупата на МЗТ по што стигна Врбица Стефанов кој немаше долг мандат и си замина по инцидентите на дербито со Работнички.

    Боби Митев е човекот кој од помошник тренер е промовиран во прв тренер на МЗТ. Досега во АБА лигата загуби од Партизан, Металац, Олимпија а успеја да ја совлада Игокеја на гостински терен. Во домашното првенство, МЗТ и Митев забележаа победи против „Гоце Делчев“ Штип и Струмица, а доживејаа пораз од Кожув на гостински терен.

    И покрај турбулентниот период на МЗТ, мораме да кажеме дека оваа екипа не е за потценување и е фаворит во утрешниот натпревар против Куманово. Со секоја промена на тренерската позиција, се менуваа и играчите на МЗТ, но како и да е овој состав на МЗТ има квалитет. Репрезентативците Кирил Николовски, Марко Симоновски и Дамјан Стојановски ја сочинуваат основата на клубот, која е надополнета со Канаѓанинот Класен на центарската позиција и Американецот Диксон како плеј-мејкер. Листата странци ја надополнуваат Урош Лучиќ, Иван Маринковиќ, Сеад Шеховиќ кои тука играа и минатата сезона, Александар Цветковиќ кој е повратник во МЗТ одкако лани играше за Црвена Звезда.

    Иако е со далеку помал буџет и играчи во ростерот, Куманово покажа дека оваа сезона може да се носи со секоја екипа во домашното и регионалното наптреварување. Иако фаворитската улога е на страна на МЗТ Скопје, љубителите на кошарката утре сигурно ќе можат да проследат интересен и неизвестен меч.

    Не би требало да претставува репер за утрешниот натпревар, бидејки двата состава доживејаа огромни промени, но овие две екипи се сретнаа на турнирот „Куманово 2014“ во подготвителниот период, кога Куманово во мечот за трето место славеше над големиот ривал.

    Натпреварот се игра во среда, во Спортската сала со почеток во 19 часот.