Куманово го пречекува МЗТ Скопје во вториот финален меч
30.05.2015 22:58
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово денеска во Спортската сала во Куманово ќе го одиграат вториот дуел од финалето на домашното првенство против екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Куманово забележа пораз во првиот меч и денеска ќе има шанса да израмни на 1-1 по што серијата се враќа во главниот град.
Доколку за овој краток период Куманово успее да ги корегира грешките од првиот натпревар, сигурно дека ќе биде рамноправен противник и шансите за позитивен резултат ќе бидат поголеми.
Кошаркарите и стручниот штаб ветија победа во денешниот дуел, а од голема помош ќе им биде и публиката, која беше побројна и на натпреварот во Скопје, а можеме само да претпоставиме што ќе се случува утре во Спортската сала.
Наптреварот започнува во 19 часот.

