×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го пречекува Работнички

    13.03.2015 13:19 | KumanovoNews

    Во предпоследното коло во рамките на Првата кошаркарска лига, екипата на Куманово 2009 го пречекува големиот ривал, тимот на Работнички од Скопје.

    Куманово го пречекува Работнички

    Веќе се јасни патниците во Супер-лигата, но засега екипите водат борба за освојување на повеќе бодови.

    Пред почетокот на првенството беше прецизирано дека најдобрите шест екипи ќе ги пренесат бодовите во Супер-лигата, така да секоја победа и кош разлика се битни кога ќе се креира конечната табела.

    Куманово утре во Спортската сала го пречекува сигурно најголемиот ривал со кој во оваа сезона одигра два натпревари. Во првиот натпревар во рамките од Прва лига, Куманово загуби со резултат 69-60, додека пред три недели во Куп натпреварите, Куманово беше поразено со резултат 76-63.

    Доколку клупата беше најслаб сегмент на тимот од Градски Парк, доаѓањето на Алексадар Митровиќ го засили тимот и во тој поглед. Тој и искусниот Марјан Ѓуров добиваат засега помалку од десет минути по натпревар, а заедно со Јане Петровски, Игор Бјелиќ и Димитар Мираковски прават една квалитетна прва петрока која може да се натпреварува во нашето првенство. Меѓутоа тоа се замените на Работнички, првата петрока е составена од Дарко Соколов, Миљан Павковиќ, Ѓорѓи Чековски, Ивица Димчевски и Тодор Гечевски. На хартија, ова е веројатно најдобриот состав што моментално игра во домашното првенство, и засега се наоѓа на втората позиција со 24 бода, односно 11 победи и 3 порази.

    На Куманово не му преостанува ништо друго, него да направи добра припрема на натпреварот според поразот во Купот на Македонија. Ривал како Работнички нема да ја остави празна салата во Куманово така да нема потреба да се сомневаме во подршката од публиката на утрешниот меч.

    Натпреварот започнува утре во 19 часот, во Спортската сала во Куманово.