×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово го пречекува Работнички во празна сала

    19.05.2015 15:15 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово денеска во 19 часот ќе го играат последниот натпрвар од Супер-лигата против тимот на Работнички.

    Куманово го пречекува Работнички во празна сала

    Конечната табела беше формирана минатото коло, па овој натпревар помеѓу големите ривали нема резултатски императив. МЗТ Скопје заврши како прв на табелата, втор е Работнички, трети се Куманово и четвртопласирана е екипата на Фени Индустри.

    Куманово ја оствари зацртаната цел - пласман во Плеј-оф по прв пат во новата историја на клубот. Вистинската војна помеѓу овие два клуба ќе започне во петок во Градски парк, а втората битка ќе се одигра во Куманово во недела. Првиот тим кој ќе забележи две победи ќе го игра големото финале, каде што ќе се сретне со подобриот од втората Плеј-оф двојка која се игра помеѓу МЗТ Скопје и Фени Индустри.

    Поради безбедносни причини и по препорака на МВР, натпреварот ќе се игра пред празни трибини.