Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово вечерва ја започнуваат новата сезона. Првиот натпревар го играат на гостински терен против тимот на Фени Индустри.
Реформираниот тим на Куманово оваа сезона ќе се обиде да го направи сето она што беше остварено минатата сезона, плус уште еден финален чекор кој за прв пат би ја донел титулата во Куманово од осамостојувањето на Македонија.
Костовски, Мираковски, Мандиќ, Луковиќ и Јанески се играчите кои беа костурот на тимот и играа и минатата сезона а како засилувања се доведени Игор Бјелиќ, Ентони Ли Дивајн, Данило Неговановиќ и Урош Петровиќ.
Љубисав Луковиќ е нов тренер кој по трети пат седнува на клупата на Куманово. Негов најголем успех со овој тим е „Фајнл-фор“ турнирот на БИБЛ лигата и финале на купот против МЗТ.
Куманово веќе играше пријателски натпревар против Фени каде што победи со резултат 91-78. Меѓутоа предсезонските натпревари не се мерило за екипата и во дербито на оваа коло, кумановчани сигурно ќе имаат тешка задача пред себе.
Натпреварот започнува во 20 часот со пренос на МРТ.