Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово во сабота гостуваат на екипата на Кожув, во натпревар од 11.коло од Првата кошаркарска лига.
Во првиот натпревар оваа сезона, Куманово извојуваше победа со резултат 85-75 на домашен терен.
Кожув е единствената непоразена екипа во БИБЛ лигата која со 8 победи се пласираше во следната фаза од натпреварувањето. Во домашното првенство играат потешко, и досега имаат четири победи и пет порази. Главна причина се седумте странци кои настапуваат во БИБЛ лигата, а поради ограничувањето од 6 странски играчи имаат проблем во Прва лига. Од пред неколку дена тие имаат нов тренер. На местото на Марко Ичелиќ пристигна Милош Пејиќ кој веројатно ќе има задача да ги поправи резултатите пред започнувањето на Супер-лига.
Покрај турбулентниот период во КК Куманово, тие успејаа да забележат две победи против Карпош Соколи со која се пласираа во Купот и победата портив Рилски Спортист кој го искачи Куманово на првата позција на табелата.
Победничката серија ќе треба тренерот Тодоровиќ да ја продолжи на тешкото гостување во Гевгелија, против еден од главните конкуренти на Куманово за подобра позиција на табелата.
Доколку се земе во предивд дека екипите што се пласираат во Супер-лига ги пренесуваат бодовите од меѓусебните натпревари, тогаш сите натпревари од Прва лига имаат додатна тежина.
Натпреварот започнува во 19 часот, а можете да го проследите на следниот линк.