Куманово гостува на Морнар
10.02.2015 15:32
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово денеска го играат вториот натпревар од втората фаза во БИБЛ лигата. Противник е тимот на Морнар.

Тимот од Бар има слична концепција како и останатите црногорски претставници во БИБЛ, Сутјеска и Теодо. Располага со млад тим, надополнет со двајца Американци кои играат на центарската односо бековска позиција.
Победникот од овој натпревар ќе се искачи на втората позиција на табелата.
Куманово е во релативно добра форма, одкако извојуваше победа против Крајова и Карпош Соколи во последните два натпревара.
Денеска се игра и вториот натпревар од оваа група, каде што Пеќ ќе ја пречека Крајова.