Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово по остварување на зацртаната цел за оваа сезона, од денеска ќе имаат можност да направат чекор плус во дуелот против тимот на Работнички.
Со освојувањето на третата позиција, кумановчани се поблиску до финалето на домашното првенство бидејки Работнички е полесен противник во однос на АБА лигашот МЗТ Скопје.
Сепак не треба да се потцени екипата на тимот од Градски парк, која е составена од искусни кошаркари кои го знаат патот до титулата.
Овие два тима оваа сезона се сретнаа 5 пати, а Работнички триумфираше на три натпревари.
Серијата се игра во два добиени натпревари а засега Работнички е екипата која има предност на домашен терен. Евентуалната изненадување на Куманово во денешниот натпревар би ги сменила работите и клучниот натпревар ќе се игра во салата каде што Работнички не успеја да победи оваа сезона.
Натпреварот пред три дена поради ситни повреди го пропуштија Вукашин Мандиќ и Марјан Јанески, но тие ќе бидат спремни за денешниот дуел.
Натпреварот започнува во 19 часот со директен пренос на МРТ.