Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија на гостувањето кај актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром со резултат 92-68.
Тимот на Страшо Тодоровиќ беше во игра цели три четвртини по што исплива на површина квалитетот на МЗТ Скопје. На две минути пред крајот на последниот период Куманово имаше нерешен резултат(55-55) по што Дреновац и Мијатовиќ се погрижија до крајот на натпреварот аеродромци да направат недостижна разлика и убедлива победа од 24 поени разлика.
Конечен резултат на мечот беше 92-68.
Ѓорѓе Дреновац со 23 поени беше најефикасен во тимот на МЗТ Скопје. За Куманово дебитантот Бојан Трајковски постигна 17 поени и 7 скока.
Следниот натпревар Куманово го игра во сабота против тимот на Карпош Соколи.