Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово успејаа по продолжение да победат во натпреварот против Рилски Спортист со резултат 90-95.
Во театарската атмосфера во Самоков каде што најгласна беше навивачката група Кумани, Куманово забележа победа кој го искачи на првата позиција на табелата.
Куманово имаше солидно водство пред почеоткот на последниот период, меѓутоа Рилски успеја да го одведе натпреварот во продолженија. По минималната предност, Куманово успеја да го „прекрши“ резултатот во своја корист и да победи со 5 поени разлика.
Бранислав Ѓекиќ беше најефикасен со 19 поени, 15 постигнаа 15 поени, Штерјов и Филиповиќ го завршија натпреварот со 13 поени, а Аврамовиќ постигна 11 поени. Костовски го заврши натпреварот со 9 поени.
Куманово заедно со тимот на Пеќ ја формира групата каде што противници ќе им бидат тимовите на Крајова и Морнар.