Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа во натпреварот против Теодо од Тиват со резултат 70-74.
Кумановчани во турбулентниот натпревар со многу промени на водства успејаа да го направат она што можеби не успејаа против тимот на Пеќ - да имаат посигурна завршница и со 4 поени да излезат како победници во овој натпревар.
Ова беше тежок меч, кој беше битен за домаќинот за да ја оствари првата победа, бидејки ги загубија последните натпревари и беа под притисок. Ние бевме мотивирани, игравме со срце и мислам дека заслуживме да победиме - изјави Игор Михајловски за сајтот на БИБЛ лигата.
Најефикасен на овој натпревар беше Костовски со 24 поени, додека кај поразените Џонсон постигна 20 поени.
Куманово во домашното првенство е слободен оваа коло, па има пауза во БИБЛ лигата, па следниот натпревар според распоредот го игра дури на 22.ноември против тимот на Водњански Лициси на домашен терен.
Добрата атмосфера во тимот ја покажува и победничката фотографија направена во соблекувалната во Тиват, објавена на Фејсбук групата на КК Куманово.