Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа убедлива победа во последниот натпревар за 2014 година. Струмица беше убедливо поразена на гостувањето во Спортската сала во кое загуби со 33 поени разлика.
И покрај сите проблеми последните неколку дена, Куманово покажа дека има капацитет и колектив кој може одлично да функционира. Тимот прикажа одлична игра во која тежок пораз извлече гостинот Струмица. Михајловски даде предност на Егоров, Осман и Младеновиќ кои во целост го покажаа својот квалитет и ја оправдаа довербата на тренерот.
Урош Луковиќ одигра натпревар во кој покажа дека може да биде носител на оваа екипа. Најпрвин се покажа како одличен дефанзивец, а потоа даде огромен придонес и во нападот.
Струмица немаше многу шанси и влезе во брзата игра на Куманово во која не се снаоѓаше најдобро. Тренерот Перо Блажевски имаше доста главоболки пробувајки да ја најде вистинската игра, меѓутоа Михајловски очигледно дека одлично го имаше припремено овој меч, па струмичани немаа решенија и често завршуваа во последните секунди од натпреварот.
После паузата за полувреме, Струмица даде знаци на живот и се обиде да влезе во резултатска неизвесност, меѓутоа Куманово веднаш одговори со брза серија во која и предвреме го реши победникот на овој натпревар.
Атмосферата во Спортската сала достигна свој врв кога петорката на Куманово се состоеше од Ѓекиќ во придружба со кумановците Маневиќ, Нинковиќ, Георгиевски и Стојановски.
Најефикасни на натпреварот беа Луковиќ со 27 поени и 6 блокади, Аврамовиќ и Осман го завршија натпреварот со 16 поени.
Кај гостите Томчо Соколов постигна 15 поени.
Конечен резултат на овој натпревар беше 88-55 со што Куманово ќе презими на втората позицја на табелата во рамките од Прва лига.