Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово завршија огромна работа на вчерашниот дуел против тимот на Работнички, победувајки со 77-78.
Стартот на Кумановци беше катастрофален, и постигнаа само 7 поени во првиот период, па примија 26. Веќе тука многумина го отпишаа тимот на Тодоровиќ, кој успеја да се консолидира и до крајот на полувремето да намали на 11 поени негавита.
Добрите игри продолжија и по паузата од полувреме а Куманово првото водство го имаше неколку минути по почетокот на последниот период.
Тројката на Костовски и двата поени на Ѓекиќ го поставија конечниот резултат 77-78, а во последниот напад Мираковски ја загуби топката.
Александар Костовски со 26 поени беше најефикасен поединец на натпреварот. За Работнички Ѓорѓи Чековски постигна 19 поени.
Вториот натпревар од плеј-оф се игра утре во Спортската сала во Куманово со почеток во 19 часот. Со победа, Куманово ќе се пласира во финалеот на домашното првенство.
Во останатиот натпревар, МЗТ Скопје беше поуспешен од Фени со резултат 79-62.