×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово оди на најтешкото гостување оваа сезона

    28.11.2014 12:00 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово после победата против Рилски Спортист, немаа многу време за одмор, бидејки во сабота во 19 часот гостуваат во Градски Парк каде што ќе играат против тимот на Работнички Скопје.

    Куманово оди на најтешкото гостување оваа сезона

    Вчера се одбиени жалбите на Арбитражната комисија на МКФ во врска со казните на тренерите и Претседателот на клубот, така да тоа сигурно ќе биде мотив плус за црвено-белиот тим од Скопје да го покаже својот квалитет.

    Дека правилниците и одлуките во МКФ се чудни, говори и фактот што казната на Работнички од еден натпревар ќе ја одработува против Кожув следната среда, а утре Куманово ќе игра пред полни трибини во Градски парк. Натпреварот со Кожув е одложен натпревар од шестото коло додека Работнички беше под суспензија е се решаваше неговата судбина, така да тој се смета за следен натпревар, кој треба да се одигра пред празни трибини а не утрешниот против Куманово кој е прв домашен натпревар по суспензијата на најтрофејниот македонски клуб.

    Како и да е, тимот на Куманово би требало да ги занемари сите овие одлуки и да се фокусира на играта на теренот, впрочем тоа е делот кој Куманово најдобро го работи во досегашниот дел од сезоната.

    Работнички ќе биде најтешкиот противник за Куманово оваа сезона од неколку причини. Квалитетот на играчкиот состав на тимот од Скопје е огромен. Стартниот организатор на играта Миљан Павковиќ како замена ги има Мираковски и Петровски, веројатно играчи кои би биле незаменливи плеј-мејкери во било која екипа од Првата македонска лига. Бековската позиција ја потполнуваат поранешниот играч на Куманово, Ивица Димчевски и репрезентативниот бек Дарко Соколов. На центарската линија се веќе легендарните Ѓорѓи Чековски и Тодор Гечевки, а како замена го имаат црногорецот Иван Бјелиќ. Не треба да се заборават и поранешните репрезентативци Марјан Ѓуров и Ристе Стефанов, кои иако имаат мала минутажа оваа сезона, со себе носат огромно искуство и нивните 5-6 минути по натпревар можат да направат предност кога е во прашање конечниот исход.

    За искуството на тренерскиот двоец Марин Докузовски - Марјан Србиновски не треба многу да пишуваме. Доволно е да се напомене дека тие двајца ја предводеа Македонската репрезентација кон четвртото место на Европското Првенство во Литванија. Без разлика на тоа што тие утре нема да можат да бидат дел од клупата на Работнички, можеме со сигурност да сметаме дека тимот ќе биде подготвен и без тренер да се спротистави на Куманово.

    Куманово се наоѓа на првата позиција на табелата, додека Работнички е петти и заостанува три бода зад лидерот на табелта. Куманово нема што да загуби во овој меч, и нема причина да чуствува додатен притисок кога е во прашање резултатот. Единствена задача е да го дадат својот максимум против големиот противник, а резултатот веројатно ќе дојде сам.

    Утре во Градски парк ќе присуствува и навивачката група Кумани, која ќе го бодри нашиот тим кон нова победа и зачувување на првата позиција на табелата.

    Натпреварот започнува во 19 часот во Градки парк, со директен пренос на МРТ.