Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово успејаа да победат и во вториот натпревар против Фени Индустри во рамките на Првата кошаркарска лига. Конечен резултат на натпреварот е 80-89.
Во третата четвртина Куманово ја прави првата посериозна разлика од 8 поени, меѓутоа брзо по тоа Фени успева да го превземе водството. Многуте промашени шутеви и одличната одбрана на Куманово направија победникот да се реши во последниот период, кога Куманово и прави максимални девет поени разлика.
Урош Луковиќ имаше одлична партија со 30 поени и 10 скока, а Костовски постигна 18 поени и 5 асистенции. Кај домаќинот Буљан постигна 19 поени и 10 скока.
Со оваа победа, Куманово се искачува на петтата позиција на табелата.
Следниот натпревар, Куманово го игра против Водњански Лисици.