Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово го забележаа вториот пораз во домашното првенство, одкако загуби на гостувањето кај Работнички со резултат 69-60.
Кумановчани имаа солидно отворање на мечот, и сигурно дека во денешниот меч беа во игра за победа до самиот крај. Грешките во одбраната го вратија Работнички во игра, првите поени скопјани ги постигнаа по речиси три одиграни минути со шут за три поени, а втората тројка стигна минута подоцна. Куманово имаше одлично темпо во првата четвртина, и веројатно уште на почетокот на мечот многумина ја видоа втората четвртина против тимот на Рилски Спортист.
Во вториот период се очекуваше продолжување на ритамот на натпреварот, но наместо тоа добивме целосно неефикасна четвртина во која Куманово постигна само 9 поени и изобилуваше нереализираниот шут за три поени.
На нивна среќе ништо подобар не беше ни Работнички кој постигна 13 поени, па Куманово замина со три поени предност на полувреме.
Домаќините полека но сигурно ја топеа разликата и успјеаа да го превртат мечот во нивна корист. Резултатски го добија третата и четвртата четвртина што беше сосема доволно Работнички да го добие мечот со сигурни 9 поени разлика.
Најефикасен на натпреварот беше Ѓорѓи Чековски со 23 поени и 9 скока.
За Куманово Марјан Јаневски постигна 13 поени и 7 скока, додека новото засилување на Куманово, Бранислав Ѓекиќ постигна 13 поени со 3-4 шут за три поени, и 2-2 од поле. Аврамовиќ постигна 10 поени, Осман забележа 9, а потфрлија носителите на играта на Куманово, Мандиќ кој постигна 7 поени(еден шут за три, еден за два, и две слободни фрлања од четири обиди) и Костовски кој го заврши натпреварот со 2 поена но имаше 8 асистенции.
Пред Куманово е уште еден предизвик, и тука привршува неделата во која ги одиграа најтешките и најзначајните натпревари во првенството. Во среда во Спортската сала пристигнува тимот кој настапува во АБА лигата, екипата на МЗТ Скопје.