Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија во натпреварот против финскиот КТП Баскет со што ги загубија шансите за пласман во следната фаза.
Добриот напад на КТП или лошата одбрана на Куманово се главниот фактор за ваков резултат.
Куманово прими 38 поени од поле, што е премногу за екипа која претендира за изненадување во групата. КТП ја забележа првата победа во оваа натпреварување.
Во второто полувреме Јанески со неколку тројки во низа покажа дека Куманово може да игра на овој натпревар. До крајот на третата четвртина кумановчани сигнаа и до нерешен резултат, а до крај на периодот финците поведоа со 4 поени разлика.
Од активен резултат, финците во четвртата четвртина брзо стигнаа до 10 поени предност а Куманово неможеше да ја стигне таа за нив огромна разлика на овој натпревар. Конечен резултат на овој меч беше 88:82.
Најефикасен на овој меч беше Ламб Оутри со 25 поени. За Куманово Александар Костовски постигна 23 поени.
Со овој пораз Куманово ги губи шансите за пласман во следната фаза од натпреварувањето, а воедно продолжува и кризата во клубот оваа сезона, иако се најавуваше изненадување и подобрување на резултатот во однос на минатата сезона.
Од Европскиот настап на Куманово, останува уште еден натпревар кој ќе има ревијална природа, против тимот на Роса Радом на домашен терен.