Куманово поразен од Струга
05.10.2015 11:12
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово сеуште чекаат на првата победа во Прва лига. Вчера тимот на Струга триумфираше со резултат 27-30.

Куманово го имаше водство во текот на првото полувреме, но сепак на паузата замина со негатива од еден гол.
Се гледа дека оваа млада екипа на Куманово сеуште ја бара својата игра, и прашање е на време кога тимот ќе влезе во свој ритам и ќе почне да бележи позитивни резултати.
Второто полувреме заврши со резултат 14:16, со што беше поставен конечниот резултат 27:30.
Куманово првата победа ќе ја бара во Штип, каде што ќе игра против тимот на Текстилец.