Куманово поразено од Текстилец
13.10.2015 11:14
| KumanovoNews
Ракометарите на Куманово го забележаа и третиот пораз во рамките од Прва лига. Тимот на Тексилец беше пресилен за Куманово и победи со резултат 28:18.

Ракометарите на Куманово беа рамноправен противник во првото полувреме. Текстилец замина со минмална предност од 12:11, но во второто полувреме домаќинот постигна дури 16 гола, што беа премногу наспроти седумте на Куманово.
Куманово е предпоследно на табелата со еден нерешен исход и три порази, а во следното коло ја пречекува екипата на Метрополис.