Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Натпреварот помеѓу екипите на Куманово и Работнички ќе биде одложен за една недела поради случувањата во населбата Тоде Мендол.
Министерството за внатрешни работи испратило допис до кошаркарскиот клуб Куманово дека не е во можност да го обезбеди натпреварот во Куманово. Преигрување на натпреварот во друг град, или играње пред празни трибини беа двете понудени опции за одигрување на овој дуел.
КК Куманово побара натпреварот да биде презакажан и денеска по состанокот во МКФ е одлучено тој да се одигра наредниот вторник.
Кошаркарите продолжуваат со првенството во сабота, кога ќе му гостуваат на тимот на Фени Индустри.