Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово успејаа со 20 поени разлика да го совладаат противникот од Карпош, со што се пласираа на завршницата од Купот на Македонија.
Уште на почетокот на мечот, домаќинот успеја да ги погоди шутевите за три поени, што му овозможи солидна предност која ја одржуваше до крајот на мечот. Соколи беа конкурентен тим само во првото полувреме, а типот на игра им е доста сличен со оној на Куманово.
Во второто полувреме, Куманово целосно го демолираше противникот, и тимот од Карпош не успеја да најде начин да го избегне овој висок пораз од Куманово. Конечен резултат на мечот беше 95-75.
Алексадар Костовски беше најефикасен со 28 поени, од кои повеќето ги постигна во првото полувреме, а подоцна се здоби и со ситна повреда на стапалото. Саша Аврамовиќ постигна 20 поени.
Во тимот на Карпош Соколи, Кристофер Ворен постигна 17 поени.
Со оваа победа, Куманово се пласираше на Купот на Македонија 2015 година, заедно со Работнички и Кожув, а во среда се игра ревашот меѓу МЗТ Скопје - Гоце Делчев Штип, каде МЗТ има предност 27 поени.
Турнирот се игра на 20. и 21.февруари а сеуште не е познато каде.
Следниот натпревар Куманово го игра во рамките на БИБЛ лигата против Рилски Спортист на гостински терен.