Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа нов пораз во домашното првенство, одкако вчера на домашен терен загубија од актуелниот шампион на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром.
МЗТ имаше одличен старт на натпреварот, успеја со серија од 0-10 да ја одржува разликата до крајот на натпреварот. Куманово имаше свои моменти на натпреварот кога успеваше да ја намали разликата, меѓутоа АБА лигашот покажа дека може да го котролира натпреварот и приведе кон успешна завршница. Конечен резултат на натпреварот беше 70-77.
Најефикасен на натпреварот беше Вукашин Мандиќ со 27 поени и 6 скока. Далеку зад него се Костовски и Јанески со 10 поени. Кај гостите, Светковиќ постигна 15 поени, а Дамјан Стојановски го заврши натпреварот со 13 поени.
Одкако Куманово 2009 настапува во рамките на Прва лига, сеуште во првенствен натпревар ја немаат победено екипата на МЗТ Скопје. Единствените победи се во рамките на турнирот Куманово, во подготвителниот период.
И покрај овој пораз, Куманово со натпревар повеќе се наоѓа на првата позција на табелта. Од есенскиот дел од сезоната остануваат уште два натпревара. На 10. декември Куманово ја пречекува екипата на Пеќ во рамките од БИБЛ лигата, а на три дена по тој натпревар, Куманово игра против тимот на Струмица на домашен терен.