Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово забележаа победа на гостувањето во Романија, каде што ја совлдаа екипата на Крајова со резултат 74-75.
Вукашин Мандиќ постигна 21 поен и 8 скока, а Александар Костовски го заврши натпреварот со 23 поени 6 скока и 4 асистенции во натпреварот кој му носи поповолна позиција пред продолжение на натпреварите во БИБЛ лигата. Во тимот на Крајова Мициќ постигна 19 поени а Болтиќ го заврши натпреварот со 14 поени.
Конечната позиција на Куманово ќе биде позната по натпреварот помеѓу Морнар и Пеќ. Во најдобар случај, ако Морнар забележи победа, Куманово ќе заврши прв на табелта и директно ќе се пласира во полуфинале.
Доколку Пеќ триумфира, Куманово ќе биде втор на табелата и ќе го очекува третопласираниот од групата Д, со кој ќе ја играат Третата фаза од натпреварувањето. Противникот на Куманово најверојатно се наоѓа помеѓу екипите на Рилски Спортист и Сигал Приштина.