×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово триумфираше против Фени на домашен терен

    28.11.2015 20:53 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово забележаа победа на домашен терен во првиот натпревар под водство на Страшо Тодоровиќ со резултат 85:76.

    Куманово триумфираше против Фени на домашен терен

    Куманово беше максимално мотивирано и решително да триумфира во овој натпревар. Александар Костовски беше непогрешив во првото полувреме и со 22 поени го наполни кошот на Фени Индустри. Куманово водеше 15 поени во првата четвртина, а со 17 поени разлика отиде на паузата од полувреме. 

    Проблематична за Куманово беше третата четвртина од натпреварот кога застана шутот за три поени на Куманово и мораа да бараат алтернативно решение во нападот, а Фени покажа дека е квалитетен тим и почна да ја топи разликатата на Куманово. Кризата траеше се до почетокот на четвртата четвртина кога гостите од Кавадарци стигнаа до 4 поени негатива. Тогаш Тодоровиќ побара тајм-аут, подршка пружи публиката, па дури и довчерашниот кошаркар на Куманово, Вукашин Мандиќ дојде да даде подршка до клупата по што следуваше интервенција од записничката маса и тој се врати на трибините.

    Фени по тој тајм аут постигна поени со кои дојде до минимални 1 поен негатива, по што следуваше будење на Куманово со поените на Ли, Костовски и Луковиќ, а подоцна пристигна и долго очекуваната тројка со која Куманово направи 10 поени предност кои на крај беа недостижни за Фени Индустри.

    Александар Костовски постигна 27 поени и 5 асистенции во победата на Куманово. За Фени Индустри најефикасен беше горостасот Драган Тубак 21 поени и 9 скока. 

    Следниот натпревар Куманово го игра против Полскот Роса Радом.