Куманово утре го пречекува МЗТ Скопје Аеродром
24.01.2020 14:07
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Куманово утре во 18:00 часот во спортската сала „Перо Наков“, ќе го пречека тимот на МЗТ Скопје Аеродром, во рамките на 13-то коло од домашниот шампионат.

Од клубот велат дека очекуваат победа.
- Ние се надеваме дека ќе победиме, а со тоа сигурно и ќе влеземе во Супер лигата. Но, нам во момент приоритет ни се младите категории и одржување на целосната младинска игра,- вели Александра Крстевски, претседател на Кошаркарскиот клуб од Куманово.
Претходно Куманово се засили со двајца српски интернационалисти Јован Црниќ и Никола Лакиќ.