Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово вечерва во 19 часот играат против екипата на Роса Радом, со што се простуваат од ФИБА Еврокупот за оваа сезона.
Денешниот натпревар нема никакво значење и нема да ги смени работите во групата Ј без разлика на неговиот исход. Роса Радом заедно до Турк Телеком се патници во следната фаза од натпреварувањето, а Куманово шансите за чекор понатаму во оваа натпреварување ги загуби со поразот во Финска од КТП Баскет.
Меѓутоа сигурно е дека Куманово ќе сака да ја спаси честа на домашен терен и да приреди вистински спектакл во Спортксата сала. Во прилог оди и тоа што Полскиот претставник е екипа со исклучително атрактивен стил на игра, па љубителите на кошарката сигурно ќе проследат одличен меч.
Натпреварот се игра од 19 часот во Спортската сала во Куманово.