Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово конечно ќе дебитираат во најсилното кошаркарско првенство, одкако одлучија да ја доиграат сезоната и покрај многуте спорни моменти кои се случија минатите две недели. Утре во Спотската сала гостува актуелниот шампион, МЗТ Скопје Аеродром.
Гостите од Аеродром влегуваат со две победи во првите две одиграни кола во домашниот шампионат. Изгледа одложувањето на второто коло му било добредојдено на Пипан во консолидација на тимот на МЗТ. Во првото коло тие беа поуспешни од Кожув, а минатото коло ја остварија првата победа против Фени Индустри оваа сезона.
Екипата на Куманово својот последен натпревар во домашното првенство го одигра точно пред еден месец, и тоа против МЗТ Скопје на гостински терен. Календарски последен натпревар е одигран на 24.03 против Рилски Спортист, каде Куманово забележа победа по продолженија.
Паузата од цел месец има своја добра и лоша стана. Веројатно целосно е санирана повредата на Филиповиќ, Луковиќ имаше пад на формата а тимот сигурно е одморен пред новите предизвици имајки во предвид дека имаа густ распоред во март. Проблем би можело да биде натпреварувачкиот ритам бидејки паузата сепак беше предолга, меѓутоа свежината на овој состав би можела да биде голема предност.
Куманово се врати во првенството поради публиката, МЗТ е противник кој секогаш ја полни салата, така да по пауза од цел месец не треба да се сомнева во атмосферата која ќе ја има утре во Спортскта сала.
Натпреварот започнува во 19 часот.