Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово во среда ќе го одиграат првиот натпревар пред домашната публика против екипата на МЗТ Скопје Аеродром.
Кошаркарската сезона во Куманово започнува со екипата која го одигра и последниот натпревар минатата сезона во Спортската сала - МЗТ Скопје. Во тој натпреавар аеродромци извлекоа победа по продолженија, по спорната ситуација околу кошот на Симоновски во последните секунди од натпреаврот.
Сепак минатата сезона е завршена, а оваа година тимовите изгледаат многу поразлично него во месец мај.
МЗТ Скопје и оваа сезона настапува во АБА лигата, а оваа сезона е тим кој нема пораз на домашен терен. На тоа ја придодадоа победата против Сутјеска, што јасно кажува дека минатогодишните проблеми со тренерите и играчите се надминати. Посилни и поспремни, МЗТ поврторно смета на поените од гостувањата во Куманово.
Од друга страна, Куманово сезоната ја започна со пораз, во натпревар каде што Фени одигра многу добро, а Куманово многу слабо. До каде е екипата на Луковиќ ќе покаже овој натпревар, против првиот претендент на титулата и оваа сезона. Домашниот терен секако дека е предност за кумановчани, но не треба да се негира фактот дека минатата сезона само МЗТ успеја да триумфира во Куманово. Натпреварите против МЗТ се најгледани во Спортската сала, а фактор плус ќе биде и тоа што оваа година немаше официјален тренинг, така да ова е прво претставување на Куманово на домашен терен.
Во подготвителниот период Куманово и МЗТ Скопје одиграа 2 натпреаври, каде што „металците“ извојуваа две победи.
Натпреварот се игра во Спортската сала во Куманово со почеток во 20 часот, со директен пренос на МРТ.