Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот и гостуваат на екипата на Фени Индустри. За Куманово ова е еден од клучните натпревари оваа сезона.
По пауза од недела дена, Куманово повторно се враќа на кошаркарските терени, овој пат во рамките на домашното првенство. Утре во салата Јасмин го очекува незгодно гостување каде што ќе игра против незгодната екипа на Фени индустри.
Во првиот дуел на овие два тима, кумановчани успејаа да слават со резултат 97-90.
Двата тима имаат ново засилување на бековската позиција. Во Куманово пристигна Караџовски, додека во Фени нов кошаркар е Американецот Брендон Вуд.
Тимот на Фени е на втората позција на табелата со Работнички и Карпош Соколи, кои имаат 21 бод. Куманово има натпревар помалку, и со 19 бода се наоѓа на шесттата позиција.
Утре во Кавадарци патува и навивачката група Кумани кои ќе му дадат подршка на Куманово во овој битен натпревар.