Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По пауза од месец дена, кошаркарите на Куманово утре во 18 часот гостуваат на екипата на Никшиќ во рамките на БИБЛ лигата.
Првиот натпревар помеѓу овие две екипи се одигра во Спортската сала каде што Куманово беше поуспешно со резултат 97-87.
Сутјеска е составена од млади кошаркари, во просек 22 години, и се претставници на една стара кошаркарска школа. Кон тимот е придодаден и Марко Чалиќ кој би требало подобро да ја покрие позицијата крилен центар. Еден од најквалитетните играчи во овој состав е Немања Врањеш, поранешен кошаркар на Куманово.
Куманово веќе би требало да биде излезен од кризата која го зафати кон крајот на годината.
Куманово направи смена на три кошаркари, односно тимот го напуштија Радоје Вујошевиќ и Тајлер Хајнс, а на нивно место дојдоа Урош Луковиќ и Бранислав Ѓекиќ. Последното засилување во тимот е искусниот Владимир Филиповиќ, кој ќе го завземе местото на Георги Егоров.
Во оваа пауза од триесет дена, новите кошаркари во тимот би требало да се прилагодат и целосно воиграат како би забележале солиден резултат во останатиот дел од сезоната.
Куманово се наоѓа на третата позиција со осум бода и натпревар помалку во однос на првиопласираниот Пеќ кој има 10 бода и второпласираните Рилски и Сутјеска кои имаат девет.