Куманово загуби од Гоце Делчев Штип
16.02.2015 14:53
| KumanovoNews
Кошаркарите на Куманово го забележаа четвртиот пораз во домашното првенство одкако загубија на гостувањето во Штип од тимот на Гоце Делчев.
Во текот на четириесетте минути резултатот беше 88-88 а домашната екипа победи по продолженија.
Конечен резултат на натпреварот беше 99-95.
Со овој пораз Куманово падна на четвртата позиција на табелата. Поразот од штипјани не би требало да има удел на бодовното салдо на Куманово по влезот во Супер лигата бидејки мали се шансите Гоце Делчев да заврши повисоко од шестата позциија.
Следниот натпревар, Куманово го игра во среда во БИБЛ лигата против Морнар Бар, а за викенд се играат натпреврите од Купот на Македонија.

