Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово загубија по продолженија со резултат 102:107.
После почетната смена на водството кошаркарите на Куманово почнаа да го остваруваат тоа што го и ветија пред овој натпревар - дека ќе триумфираат во Куманово. Во средината на втората четвртина Куманово почна да се одлепува и достигна максимални 11 поени предност. Марко Симоновски беше клучен играч на МЗТ Скопје кој го врати шампионот во игра и со неколкуте тројки успеја да ја стопи разликата на домаќинот. Слободните фрлања ќе го чинат Куманово многу, одкако Аврамовиќ, Луковиќ и Костовски не погодија од линијата за слободни фрлања во клучните моменти од натпреварот. На два поени негатива, Куманово успеја да го одбрани нападот на МЗТ Скопје, а Луковиќ не ја прифати убаво топката, таа удри во Мандиќ и дојде право во рацете на Марко Симоновски кој беше сам под кошот, погоди во последната секунда по што судиите го признаа кошот и натпреварот отиде во продолженија.
МЗТ Скопје поискусно ја искористи шансата што им беше пружена, Николовски постигна поени од втор план, а Симоновски и Чапин направија недостижна разлика, која Куманово неможеше да ја стигне.
Куманово промаши неколку зицери, со што МЗТ извојуваше голема победа во Куманово, и со предност од 2-0 го дочекува следниот натпревар во Јане Сандански.
Бранислав Ѓекиќ беше најефикасен во Куманово со 23 поени. Кај гостите Суад Шеховиќ постигна 23 поени а јунак на натпреварот дефинитивно е Марко Симоновски со 21 поен и 5 постигнати тројки.
Следниот натпревар се игра во вторник во салата на МЗТ Скопје.