×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово загуби во Карпош, КК „Михајловски“ го совлада Пелистер

    27.10.2014 10:28 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово вчера го забележаа првиот пораз во домашното првенство, одкако тимот на Карпош Соколи беше поуспешен со резултат 69-61.

    Куманово загуби во Карпош, КК „Михајловски“ го совлада Пелистер

    Лошиот старт на првите две четвртини може да се окарактеризира како една од причините поради која Куманово не забележа победа во вчерашниот меч. На почетокот од мечот Соколи водеа 13-4, а одкако Куманово некако се консолидираше противникот направи максимални 12 поени разлика при резултат 25-13. До крајот на првиото полувреме Куманово намали на 7 поени разлика.

    Во второто полувреме, пред се зонската одбрана на Куманово донесе пресврт на натпреварот, и Куманово успеја да поведе против Карпош Соколи. Спеак гостинскиот тим не успеја да го приведе натпреварот кон сигурна завршница, а Соколи успејаа да ги казнат грешките на Куманово и полека да направи недостижни 7 поени. Најефикасни поединци беа Васиќ со 23 поени, а за Куманово Мандиќ постигна 15 поени и 9 скока.

    Претставникот на Куманово во Втората кошаркарска лига, тимот на КК „Михајловски“, во саботата успеја да забележи победа против тимот на Пелистер. Конечен резултат на овој натпревар е 59-54.

    Следното коло двата тима ќе играат на гостински терен. Куманово игра против тимот на Гоце Делчев - Штип, а Михајловски играат против Т-баскет од Тетово.