Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Куманово после турнејата во Србија, изминатиот викенд учествуваа на меморијалниот турнир „Димитар Ѓорѓиев“ во Кавадрци, каде што го освоија третото место.
Во првиот натпревар, тимот на МЗТ Скопје беше поуспешен од Куманово победувајки со 76-83. Мандиќ постигна 21 поен и 5 скока, а Луковиќ имаше учинок од 14 поени и 4 скока.
Во другото полуфинале играа Карпош Соколи и домаќинот Фени, каде што тимот од Карпош победи со резултат 74-75.
Поразените екипи одиграа натпревар за третата позиција, каде што Куманово извојуваше победа со резултат 78-91. Инграм постигна 18 поени а Луковиќ придодаде 14 опени и 7 скока во победата на Куманово.
Токму Фени Индустри во салата Јасмин ќе биде првиот противник на Куманово на почетокот на новото првенство кое ќе стартува на 10.октомври.