Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Атлетскиот клуб Куманово настапи на Националното првенство на Србија за младинци, кое се одржа во затворени услови при организација на Српскиот атлетски сојуз во Белград.
Учеството беше на клупско ниво, а Куманово го претставуваше Дијана Вукановиќ (17). Таа настапи на 60 метри слободно и 60 метри со пречки. Во квалификациите за 60 метри слободно, истрча со време од 8,61 секунди и не успеа да обезбеди пласман, резултат вреден 722 бодови. Во второто трчање со пречки, Вукановиќ оствари време од 10,19 секунди и освои 715 бодови.
„Изминатиов викенд, Дијана настапи во две дисциплини, за кои не можевме да го сметаме резултатот во прв план. Таа напорно тренираше секој ден, ама сепак успеа да постави личен рекорд на 60 м со пречки, во првата трка годинава. Во викендот што доаѓа, нашите две атлетичарки повторно ќе се натпреваруваат во Белград, каде ќе се обидат да ги поправат личните достигнувања но и да ги исполнат критериумите за настап на репрезентацијата на Балканското првенство во сала, посочи Филип Колевски, тренер на АК Куманово.“
Дијана Вукановиќ и Матеја Ефремовска се на двонеделни подготовки во атлетска сала во Белград, па тренерот на АК Куманово го објасни учеството и ги најави следните предизвици.
(Д.Д.)
(Фото-архива)