Кумановски боксери на турнит во Херцег Нови
01.03.2012 09:04
| KumanovoNews
Кумановските боксери, како дел од македонската репрезентација денеска заминуваат на бокс турнир во Xерцег Нови, кој заполнува утре.

Од Куманово на турнирот ќе настапат тројца боксери:
Атxе Мисии (+91кг), Николче Митевски (64 кг) и Џемаил Сакиповски (56кг).
Боксерскиот клуб „Фајтер„ од Куманово, минатата година покажа извонредни резултати и заврши на второто место во Македонската лига со само 1 поен помалку од шампионот БК,,Баргала’’ од Штип.