×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските атлетичари освоија 26 медали на Државно првенство во Скопје

    16.07.2022 17:18 | Сузана Николиќ

    Членовите на атлетскиот клуб „Куманово“ освоија 26 медали на Државното поединечно првенство за сениори, кое минатиот викенд се одржа на градскиот стадион во Скопје.

    Кумановските атлетичари освоија 26 медали на Државно првенство во Скопје

    Како што соопштуваат од клубот тие освоиле 9 златни, 11 сребрени и пет бронзени медали, поради што се пласирале на прво место по бројот на освоени бодови. Истовремено се најуспешен клуб на првенството.

    Златни, сребрени и бронзени медали освоија атлетичарките: Матеја Ефремовска, Дијана Вукановиќ, Теа Алексовска, Бранкица Марковиќ, Марија Дувлис, Ениса Тасевска и атлетичарите: Марјан Нојковски, Даниел Јосевски и Ненад Младеновски. 

    „Во сениорска конкуренција освоени се двата најважни натпревари, односно покрај победата на Сениорскиот куп, АК Куманово успеа да се избори за најдобар клуб и на ова првенство“, велат од клубот.

    Учесниците на првенството се натпреварувале во атлетските дисциплини: трoскок, скок во височина и скок во далечина, фрлање ѓуле, фрлање диск, фрлање кладиво, трка на 100, 200, 400, 5000, штафета и др.