×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските ракометарки по трет пат го освоија Купот на Македонија

    14.05.2023 19:08 | Оливера Пешевска

    Ракометарките на Куманово и оваа година го освоија Купот на Македонија, што е по трет пат за 4 години. Тие синоќа ја совладаа екипата на Вардар со резултат од 32:31 и стигна до победата и посакуваниот трофеј.

    Кумановските ракометарки по трет пат го освоија Купот на Македонија

     Напредокот во играта се почувствувал со доаѓањето на новиот тренер Славиша Димитријески, а тоа е се пресликало и на табелите.

     „Откако Димитријески дојде на клупата на ЖРК Куманово на полусезоната имаше навистина голем напредок во играта и тоа го крунисавме со пехарот од КУП натпреварите. За жал, ја пропуштивме можноста за освојување на двојната круна, но високо котираме и на табелата од шампионатот. Секако најзадоволни сме од тоа што од 2019 година до сега ова е трет трофеј што го освојуваме“, изјави Никица Кипријановски, член на управата на клубот.

    Иако на почетокот на натпреварот беше неизвесен, победникот веќе од средината на првото полувреме можеше да се претпостави. Кумановки покажаа подобра игра на теренот, успејаа да направат и разлика од 5 гола, која при крај на мечот беше анулирана. Херој на натпреварот беше Пена Граматова која го даде одлучувачкиот гол.

    Бразилката Андреза Алмеида освои две признанија-наградата за најкорисен играч на турнирот,односно МВП и признанието за најдобар стрелец, со 11 гола во мрежата на вардарки .Граматова постигна 5 гола.

     Според статистичките податоци, останати стрелци на ЖРК Куманово се Сара Цветановска со постигнати 4 гола,Тамара Ивановска 5, Габриела Величковска 4, Сузана Зечевиќ 3 гола. И голманките дадоа голем придонес за победата, па Симона Грујовска запиша 6 одбрани, Марија Јовановска 1 и Матеја Чурлиновска 4 одбранети топки.

    (фото: 24ракомет.мк)