Кумановските ракометарки против екипата на Алушовски
27.11.2019 07:58
| KumanovoNews
Кумановските ракометарки откако го заземаа првото место на табелата, во рамките на Првата женска лига, во четврток со почеток во 20 часот во салата на СОУ „Перо Наков“ своите сили ќе ги измерат против екипата на Алушовски од Скопје.

Екипата на Куманово засега се наоѓа на првото место на табелата со 30 бода, откако го победи тимот на Металург со резултат 34:26, со што го постави на второто место на табелата.
До крајот на есенскиот дел од сезоната остануваат уште две кола.