Кумановските ракометарки со убедлива победа против Кузман Илинден
19.11.2019 12:26
| KumanovoNews
Ракометарките на Куманово, вчера против екипата на Кузман Илинден, во второто коло од младинската женската ракометна лига, успеаја да победат со 17 гола разлика, со резултат 42:25.

Во првото полувреме добрата игра на нашите ракометарки им донесе победа со резултат 20:14, за во второто полувреме да достигнат сигурна разлика во головите која им овозможи сигурна победа.
Стрелци на головите: Наталија Пецанова 14 гола, Јована Кипријановска 7 гола, Сара Цветановска 6 гола, Николинка Радевска 5 гола,нТамара Ивановска 4 гола, Тамара Краљевска 2 гола, Ангела Јанкуловска 2 гола, Мила Трајковиќ 1 гол и Ива Димитриевска 1 гол.