Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стратегот и актуелниот тренер на екипата на Металург во интервјуто за "Јутарњи лист" не ја исклучи можноста по завршувањето на ракометната сезона да се врати назад во својата родна земја.
Пет години сум веќе тука во Македонија, а вкупно 17 години во странство. Ова е страшен стрес за мене, но сам си го правам сето тоа затоа што си поставувам големи цели во животот. Задоволен сум од онаа што го постигнавме со екипата на Металург, но сепак ќе се вратам во родната Хрватска. Успеавме да ги мотивираме и другите играчи во Македонија и направивме останатите спортови да бидат во сенка на ракометот-изјави Червар.
Тој исто така истакнува дека ова можеби му се и последните денови во Металург.
„Значи, ова се сепак последни денови во Металург“, гласи прашањето на кое Червар вели: „Можеби. Би можеле да бидат“, а како причина за ваквиот став наведува дека силно сака да се врати дома.