Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарските селекции на САД и Литванија вечерва во 21 часот ќе се борат за финале на Светското првенство што се игра во Шпанија.
Селекцијата на САД беше најубедлива во патот до полу-финалето, одкако ја декласираа Словенија со резултат 119-76. Тимот на Литванија имаше тешка задача со Турција, па по неизвесен натпревар издвојуваше победа со резултат 73-61.
Статистички гледано Литванија ќе има тешка задача во обидот да ја сопре селекцијата на САД. Сепак, по вчерашното изненадување на Франција, веројтано европскиот кошаркарски гигант добил мотив плус дека може да се носи со најсилните екипи на светот. Она што го кажува статистиката е дека тимот на САД има 10 скока повеќе од Литванија (44 наспроти 34), 11 асистенции повеќе (22 наспроти 12), 10 украдени топки (14 наспорти 4), а веројатно сегментот каде што американците се доминантни на целото првенство е поени од контра напади (27.9) и поени по грешка на противникот (34.3). Литванија со добра одбрана, спречување на контрите, и сведување на грешките на минимум, би можела да се надева на егал натпревар и да ја бара својата шанса. Од сите репрезентации, Турција највеќе се „држеше“ против САД, одкако успејаа да бидат рамноправни во 3 четвртини, и натпреварот да го загубат во последната. Во последниот натпревар, Словенија успјеа да биде рамноправна само едно полувреме.
Овие две репрезентации се сретнаа и во полуфиналето на последното Светско првенство во Турција, кога САД забележа победа со 89-74, а последниот официјален натпревар го имаат изиграно на Олимписките игри во Лондон, кога САД издвојуваше тесна победа со резултат 99-94.
После денот на изненадувања, денеска ќе нема наптревар во Мадрид, а утре силите повторно ќе си ги одмерат репрезентациите на Србија и Франција.