Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поранешниот тренер на Куманово, Љубисав Луковиќ повторно ќе го предводи тимот одкако стручниот штаб му ја даде довербата да ја води екипата во наредната сезона.
Тој по едногодишна пауза се враќа во Куманово каде што ќе седне на местото на Страшо Тодоровиќ кој успеја да го направи најголемиот успех во новата историја на КК Куманово.
Клубот се обидува да го задржи играчкиот состав кој избори Плеј-оф оваа сезона, а постои варијанта Куманово да настапува во Еврокупот на ФИБА, кој би требало да се игра оваа сезона.
Луковиќ присуствуваше на последните натпревари Суперлигата и на сите Плеј-оф натпревари на Куманово минатата сезона по што започнаа шпекулациите за негово превземање на екипата, кое се случи пред неколку дена.