Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на МКК „Куманово“ е домаќин на локалниот дерби натпревар против тимот на КК „Куманово 2009“, кој ќе се игра во сабота, со почеток во 18 часот во салата на училиштето „Перо Наков“ во Куманово.
Спортските познавачи сметаат дека нема да има изненадувања и дека е прашање само на тоа со колкава разлика ќе го добие натпреварот прворангираниот МКК Куманово.
Досега екипата предводена од Марин Докузовски има максимален број на освоени бодови на табелата, односно 7 победи од исто толку одиграни натпревари. Ова недела добија засилување на тимот со Александар Штерјов.
КК „Куманово 2009“, пак, нема ниту еден позитивен резултат и победа од почетокот на првенството, иако минатата година настапуваше во првата кошаркарска лига. Клубот во изминатите две сезони поради финсиски проблеми немаше поддршка ни од општинските власти, поради што го изгуби прволигашкиот статус.