Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лука Гаревски од Куманово минатата недела освои четврто место на Меѓународниот натпревар и државно првенство во дуатлон во Скопје.
Стазата се состоеше од 5 км. трчање, 20 км. возење велосипед и 2,5 км. трчање.
“Имаше вкупно 51 натпреварувач, а јас освоив 4 место. Имав доста успешна сезона, а за 2015 година ме очекуваат нови предизвици и големи натпревари на кои се надевам ќе имам одличен резултат и достојно ќе ја претставам државата, општината и клубот за кој се натпреварувам. Имам огромна поддршка од општина Куманово, Општински сојуз на спортови, Триатлон федерација на Македонија и Агенција за млади и спорт, кои ми овозможуваат да тренирам и да се натпреварувам на едно повисоко ниво“ - вели Гаревски.
На Европскиот куп и балканското првенство кое се одржа во септември во Бургас, Бугарија Гаревски освои 24 - то место од 46 натпреварувачи.