Луковиќ и Мандиќ заминуваат, Тодоровиќ старо-нов тренер на Куманово
26.11.2015 22:53
| KumanovoNews
Кошаркарскиот клуб Куманово на својата Фејсбук страница објави дека Љубисав Луковиќ не е повеќе тренер на КК Куманово.

После слабите резултати во домашното првенство и Еврокупот, очекувано Луковиќ е сменет од функцијата прв тренер на Куманово. На негово место доаѓа Страшо Тодоровиќ, човек што минатата сезона го оствари најголемиот успех на Куманово во новата историја.
Вукашин Мандиќ исто така го раскинал договорот со клубот и не е дел од тимот на Куманово.