Луковиќ МВП на колото, но Куманово немоќен во Маџари
Кошаркарите на МКК Куманово загубија на гостувањето кај Маџари со 94:78 во рамките на Мтел Суперлигата.
Фото: mkd.basketball
Домашниот тим имаше контрола во поголем дел од средбата. Маџари рано направи разлика и ја доби првата четвртина со 29:23, а веќе до полувреме имаше убедливо водство (52:31). Куманово во продолжението се обиде да се врати резултатски, но домашните кошаркари ја задржаа предноста и без проблем го приведоа мечот до крај.
Клучниот играч кај Маџари беше Т. Армстронг со 27 поени, а сериозен придонес даде и Џ. Грин со 23. Кај Куманово, најефикасен беше У. Луковиќ со 25 поени и дури 19 скока и е прогласен за најдобар играч оваа коло, додека А. Стевановиќ заврши со 18 поени.
МКК Куманово во продолжението од сезоната го стартуваше со два пораза и пропушти можност да му се приклучи на Пелистер, и заедно да се одлепат од средината на табелата.
ТФТ и МЗТ се убелидво први со 12-1, Пелистер е трет со 9-4, а Куманово, Маџари и Кожув се од четвртата до шестата позиција со ист скор од 7-6.
Во следното коло Куманово игра против тимот на Феникс.