Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По убедливата победа над Словачка, македонската репрезентација за кошаркари до 16 години ја забележа и втората победа на турнирот во Романија овој пат славејќи против фаворизираната Данска со 61-52.
Македонската репрезентација во текот на целата средба го контролираше резултатот не дозволувајќи му на противникот воопшто да се понадева на евентуален триумф.
Кристијан Николов со 35 поени и шест скока го предводеше нашиот национален тим до триумфот додека Андреј Магдевски забележа 14 поени, дополнети со 8 скока.
По овој триумф македонската репрезентација го зазеде првото местo во Групата Б на шампионатот во пресрет на денешниот дуел против Бугарија од 19:30 часот.