Македонија против Северна Ирска ќе игра во Куманово
08.05.2012 10:43
| KumanovoNews
На 10 мај со почеток во 16 часот и 30 минути, младата репрезентација на Македонија ќе се натпреварува со Северна Ирска.

Во нашиот состав нема поголеми измени. Од 18 фудбалери, 15 се интернационалци, а 3 се од домашното првенство. Задутре во младата фудбалска репрезентација ќе настапи и Давид Бабунски, од шпанскиот клуб Барселона. Голмани ќе бидат Филип Гачевски и Столе Димитриевски.
Во тимот се враќа и Ферхан Хасан од Валфсбург.